Го надмина рекордот на Grand Theft Auto V: Ова е најпродаваната компјутерска игра некогаш

Супермен

20/05/2019

10:45

1.964

Големина на фонт

а а а

Исклучително популарната игра Minecraft, која се фокусира на градење и истражување во практично неограничен генериран свет, веќе неколку години важи за културолошки феномен.

Тоа е првенствено остварено поради отворениот мод на играње и одличната поддршка која Microsoft ја пружа за оваа игра. Minecraft постои за различни платформи и уреди како што се PC, Xbox One, Nintendo Switch… и сите тие им дозволуваат на корисниците да играат заедно. 

Неодамна, оваа игра наполни 10 години и за таа прилика Microsoft објави дека во текот на тој период се продадени повеќе од 176 милиони лиценци, што ја прави една од најпродаваните игри некогаш.


Досега првото место го држеше Tetris, но овие две игри не можат директно да се споредуваат бидејќи Tetris е објавена во многу варијанти. Основната варијанта на Tetris е продадена во 70 милиони примероци.

Покрај оваа информација, EA објави дека мобилната верзија е продадена во дополнителни 100 милиони примероци. Ако се соберат овие две вредности, излегува дека Tetris досега е продаден во 170 милиони примероци, што е за шест помалку од Minecraft.

Можеби подобра споредба е со играта Grand Theft Auto V, која досега е продадена во 110 милиони примероци. Како и да се гледа на работите, Minecraft е на прво место по продажба на сите времиња, што е извонреден успех.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk