16-годишната проститутка со која спиеле познатите фудбалери Рибери и Бензема денес изгледа непрепознатливо

Супермен

20/05/2019

12:53

6.892

Големина на фонт

а а а

Захиа Дехар која се прослави како малолетна проститутка која ги задоволувала француските фудбалери, меѓу кои и Франк Рибери, денес е дизајнерка, модел и актерка.

Благодарение на секс скандалите, таа добила бројни понуди за реклами и едиторијали, а сега “запливала” и во актерските води. Минатиот викенд, Дехар прошетала на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал за да го промовира филмот “An Easy Girl” во кој ја толкува главната улога. 


Пред девет години, медиумите пишуваа дека тогашниот везист на Баерн Минхен, Франк Рибери, на својот роденден платил околу 2000 евра за една вечер со малолетната мароканска проститутка, а разговорот со девојката го објавил “Paris Match”.


“Бев неговиот подарок за 26-тиот роденден. Ми пријде во еден париски клуб, ги плати моите услуги и заедно одлетавме во Минхен за да го прослави роденденот. Тој резервираше соба во еден луксузен тамошен хотел, а по сексот ми плати. Му бев убав подарок, зарем не?”, изјавила Захиа која со најстариот занает на светот започнала да се занимава на 16 години.

“Отсекогаш изгледав постаро отколку што сум, а кога сфатив дека им се допаѓам на мажите, си помислив зошто да не го искористам тоа? Се среќавав со секакви луѓе од деловниот свет и светот на спортот. Тие ме бараат, а јас се ставам на располагање. Немам сводник, сите заработени пари остануваат кај мене. Услугите им ги пружам на оние на кои јас сакам и никој не може да ме натера да правам нешто што не сакам и кога тоа не го сакам. Татко ми и маќеата досега немаа поим со што се занимавам, мислам дека сега знаат”, истакнала Дехар.

Франк Рибери и Карим Бензема се најдоа и на обвинителната клупа поради секс со малолетничка, но биле ослободени бидејќи се утврдило дека тие не знаеле дека Захиа е малолетна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk