Автогол: "Apple" ќе ја плати преголемата цена на американските санкции за "Huawei"

Точка

21/05/2019

21:39

7.623

Големина на фонт

а а а

"Apple" би можел да има големи проблеми поради ставањето на "Huavei" на црната листа на Америка.

Имено, светските пазари за капитал нервозно реагирале по блокирањето на таа компанија. 

Акциите на "Apple" вчера паднале по предупредувањето на аналитичарите од HSBC дека поголеми тарифи на кинеската роба ќе ја принудат компанијата да ги крене цените, со сериозни последици за побарувачката на Apple производите.

Аналитичарите од "Morgan Stanley" предупредуваат дека пропаста на преговорите и долгорочно високи царински тарифи би можеле да ја турнат глобалната економија во рецесија.

Кинеската влада веќе најавила дека ќе го возврати ударот. Доколку тоа го направи, забраната би можела да ги опфати и кинеските добавувачи на Apple, како и нивните производи.

Штета ќе имаат и "Qualcomm" и "Corning" кои ќе ги изгубат приходите од милиони телефони кои "Huawei" глобално ги продава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг