Џорџина Родригез во центарот на вниманието во Кан поради сериозното деколте

Супермен

22/05/2019

14:12

5.564

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез вчера стигнала во Кан, а потоа веднаш им привлекла внимание на бројни фотографи на црвениот тепих, пред премиерата на новиот филм „Quentin Tarantino“, кој добил шест минути овации после проекцијата.

После доаѓањето на црвениот тепих, партнерката на Кристијано Роналдо, една фотографија од канскиот фестивал објавила на Инстаграм и на неа добила повеќе од половина милиони лајкови.

View this post on Instagram

Bonjour Cannes ❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

На црвениот тепих, 25-годишната Аргентинка се појавила во деколтирана црна тоалета без прерамки, а елеганцијата ја заокружила со високи штикли. Нејзиниот аутфит привлекол внимание и на социјалните мрежи, на кои добила многу коментари и пофалби.


Инаку, Џорџина и Кристијано неодамна биле во Дубровник, каде излегле во скап ресторан со јапонска кујна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk