Исправена грешката во гласањето на Белорусија: Македонија прво место на Евровизија од страна на жирито!

Точка

22/05/2019

19:58

16.210

Големина на фонт

а а а

Изминатава недела главна тема е Евровизиското финале од минатиот викенд, каде го освоивме највисокиот пласман досега. Нашата претставничка, Тамара Тодевска се претстави со песната „Proud“, па бевме горди на 8-то место.

Сега, Тамара Тодевска објави статус на кој ја искажа својата возбуденост и неверување поради грешките во гласањето на финалната вечер. ЕБУ штотуку потврдија грешка во белоруското гласање, па така, нашата земја е прва од жирито и седма во финалето на Евровизија.

Тамара вели: „Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!“

Горди бевме на Тамара што направи светот да слушне за нас, што ја прими пораката која се крие длабоко во песната која ја изнесе, а уште повеќе бевме горди на осмото место.

А, сега? Македонија, а очигледно и Тамара, сè уште е во неверување дека всушност го освоивме 7-то место!




Спонзорирани линкови

Маркетинг