Од заеднички вечери до огромни кавги: Зошто Маск и Безос не се поднесуваат?

Супермен

30/05/2019

09:42

2.511

Големина на фонт

а а а

Ривалството помеѓу Џеф Безос и Илон Маск веќе со години го полни медиумскиот простор, но односот помеѓу двајцата милијардери не отсекогаш бил таков.

Како што пишува “Business Insider”, Безос и Маск пред петнаесетина години знаеле дури и да отидат на вечера и да разменуваат идеи. Но, тогаш нивните компании “SpaceX” и “Blue Origin” беа релативно млади и ниту една од нив немала ниту проектил кој функционира. 


Од 2004 година, работите се промениле во голема мера, а како пресвртен момент во тогаш пријателскиот однос помеѓу двајцата титани се споменува историскиот комплекс за лансирање 39А во 2013 година. Имено, “Space Shuttles” се повлече две години претходно, а “NASA” не ја искористи оваа лансирачка платформа која остана слободна за сите останати. Илон Маск, односно неговиот “SpaceX” беше првиот кој “крена рака” и се пријави за користење на платформата. Набрзо потоа и Безос ја доби истата идеја поради која веројатно отиде и чекор подалеку и побара од американската влада да го спречи “SpaceX” да добие право на користење на платформата. Тоа, секако, не му успеа.

Наместо тоа, компанијата на Маск во 2014 година потпиша договор за нејзино користење и тоа на цели 20 години. Со тоа, најбогатиот човек на светот успеа да го разбесни Маск кој коментирал дека станува збор за “измамничка тактика и дека Безос зборува глупости”. Подоцна истата година, Илон го упропасти обидот на Безос за патентирање на една од своите технологии.

Но, кавгата помеѓу двајцата милијардери достигна светски размери со излегувањето на Твитер. “Blue Origin” во 2015 година за првпат ја лансираше и приземји својата суборбитална ракета и, логично, Џеф Безос беше многу возбуден. Достигнувањето на својата компанија, тој го објави на социјалните мрежи, што Илон Маск едвај го дочека.

Тој му честиташе на својот ривал и притоа ја искористи приликата да го испровоцира, нагласуваќи дека за она што го прави неговиот “SpaceX” (и што го направи еден месец подоцна), мислејќи притоа на лансирање на товар во вселената и подоцна враќање на додатниот генератор на Земјата, е потребно 100 пати повеќе енергија.

На Твитер сцената, оваа кавга се одржува до ден-денес, а во продолжение следат некои од примерите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk