Самсоненко: За каков крај зборувате, со Вардар ќе освојам и трета титула во ЛШ

Точка

03/06/2019

22:52

10.836

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на Вардар, кој неодамна ја извести македонската јавност дека ќе се повлече од клубот, синоќа за gol.mk порача дека после титулата, размислува за една работа – за нова титула во Лигата на шампионите!

Сергеј Самсоненко пред четвртфиналниот дуел против ПИК Сегед, соопшти дека доколку Вардар не добие финансиска поддршка, ќе мора да се повлече од клубот. И додека „Вардарци“ стравуваат за иднината на македонскиот, а сега и европскиот ракометен џин, Самсоненко за gol.mk порача дека сега размислува како да се освои и третата титула.

„Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Еве го Филип Лазаров е тука, одамна не е во клубот, но ме познава. Јас секогаш верувам во титули.


Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме“, изјави Самсоненко за gol.mk.

Имаше и интересен коментар за полуфиналето против Барселона.

„Јас бев разочаран и така и седев и го гледав мечот. Го гледав мечот така разочарано, а потоа одеднаш почнав да гледам минус четири, три два, еден, нула, а потоа плус еден и плус два и толку. Луѓето зборуваат дека е различно, но кај мене е исто“.

Во однос на писмото кое го објави пред Пик Сегед дека ќе си замине од клубот исто така со интересен одговор.

„Ние игравме добро против Пик Сегед и имавме резултат. Што и како се случуваше друго останува во клубот“, изјави Самсоненко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг