Директор нема да вработи кандидат кој нема да го помине неговиот таен тест со шолја кафе

Супермен

03/06/2019

14:01

3.745

Големина на фонт

а а а

Директор открива дека во текот на вработувањето во неговата компанија, на секој потенцијален вработен му “подметнува” тест врз темел на кој одлучува дали ќе ја добие работата или не.

Трент Инес, директор на компанијата “Xero Australia” тврди дека нема да вработи никој кој нема да го помине неговиот тест со шолја кафе. 

Тој објаснил дека во текот на интервјуто за работа, во еден момент го носи кандидатот во канцелариската кујна каде му нуди шолја кафе, чај, сок или вода, а потоа набљудува дали личноста на крајот ќе ја врати искористената шолја во кујната, пренесува “Daily Mail”.


“Веројатно сега оддавам важна тајна, но кога ќе дојдете кај мене на интервју за работа, ќе ве одведам во кујната и некако ќе ве наведам оттаму да заминете со пијалак во раката. Кога ќе го завршиме интервјуто, обрнувам внимание дали ќе се понудите да ја вратите валканата чаша во кујната”, раскажал Инес.

Директорот открил и од кои причини го прави тоа:

“Можете да имате разни вештини, знаење и искуство, но на крајот сè се сведува на вашиот став. А ставот кој јас го сакам на крајот се сведува на тоа дали сте спремни да раскревате позади себе. Го смислив тоа за да дознаам дали, без оглед на тоа што правите во компанијата, имате култура на однесување. Тоа е начин да проверам дали ќе се вклопите кај нас. Кога ќе ја погледнете нашата кујна, ќе сфатите дека таа е секогаш беспрекорно чиста”, изјавил Трент и додал дека само 10 отсто од потенцијалните кандидати не се нудат да ја вратат чашата во кујната.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk