Кинси Волански ги добила своите пет минути на слава со што ѝ осигурала рекламна вредност од околу 5 милиони долари на страницата на нејзиното момче, Јутјуберот Витали Здороветски, втрчувајќи се накратко на теренот за време на финалето на ЛШ, а сега е објавено и видео кое прикажува како ѝ успеало тоа.
Кинси носела црн фустан кој бил сошиен на начин да може многу лесно да се соблече, додека Витали се преправил во старец, за да може да влезе на трибините, бидејќи поради своите претходни лудории и влетувања на терен има забрана за влез на големите спортски настани.
Во снимката Јутјуберот открил дека имале и план Б во случај Кинси да не успее да дојде до теренот. Планот Б требало да биде токму тој. „Јас сум на листата за забрани, мислам дека јас не би можел да го направам тоа, но сепак сум заменски план во случај таа да не успее“, рекол тој и додал не се сомневал дека неговата девојка ќе направи сè според планот.
Кинси за време на излегувањето на теренот на Инстаграм стигнала до 2,5 милиони следачи, додека пред натпреварот имала „само“ 300 илјади.