Опасност од сите страни: Годишно внесуваме и до 120 илјади парчиња од оваа штетна материја

Точка

07/06/2019

21:35

6.815

Големина на фонт

а а а

Ја има во храната, водата, воздухот и невозможно е да се избегне. Пластиката може да заврши во човековото тело на најразлични начини – кога јадеме риба, пиеме сокови од пластични шишиња, па дури и кога дишеме воздух.

Значи, во секој момент. 

Што претставува пластиката?

Пластиката е синтетички материјал кој се произведува од нафта и е насекаде околу нас. Лесна, цврста, флексибилна и отпорна на корозија, пластиката е долготрајна и отпорна на различни услови. Употребата на пластика е практично неограничена поради можноста од нејзино мешање со многу други елементи.


Сепак и покрај својата практичност, истражувања од Светската здравствена организација говорат дека штетните хемикалии од пластиката во која секојдневно се облекуваме, од која јадеме и пиеме го зголемуваат ризикот од појава на бројни болести кои пак предизвикуваат хормонски, но и генетски промени. Долготрајното користење на штетната пластика доведува до хормонски дисбаланс кој може да предизвика различни болести.

Научниците укажуваат на сè поголемата загаденост со микропластика која може да се најде речиси сегде и во сè. Студиите покажуваат дека микропластиката ја има во шеќерот, рибата, солта, водата и воздухот. Не е тешко да се заклучи дека во речиси секој момент внесуваме по некоја честичка пластика во нашиот организам.


Ако годишното ниво на внесена пластика во организмот се сведе на бројки, цифрите звучат застрашувачки. Се проценува дека само од воздухот, човекот во организмот внесува помеѓу 74 и 120 илјади парчиња микропластика.

Вода од чешма наместо флаширана

Кога пиеме флаширана вода, на тој начин внесуваме 90 илјади парчиња пластика повеќе отколку што внесуваме кога пиеме вода од чешма.


Светските студии покажуваат колку е огромно загадувањето со пластика, но она што е дополнително загрижувачки факт е тоа што сè уште во целост не сме свесни за истото и колку на овој начин всушност се загрозува нашето здравје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг