Погледнете како настанува Chiron, најекслузивниот хиперспортски автомобил на светот

Супермен

10/06/2019

10:20

1.861

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за автомобил кој е способен сопственикот, откако ќе го “олесни” за повеќе од два милиони евра, во совршени услови да го вози над 400 км/ч., јасно е дека истиот мора да се произведува на совршен начин.

А тоа подразбира екслузивен простор и речиси лабораториски услови. Chiron и неговите специјални изведби рачно се склопуваат во работилница недалеку од Молшејм. Atelier е храм во кој секоја година, по големи жртвувања, се раѓаат десетици автомобилски ремек-дела. Минатата година биле склопени 76 модели, а оваа година производството ќе скокне на 80 Chiron модели и производство на првиот Divo модел. За таа цел, Bugatti ќе вработи уште 20 луѓе за производство и логистика. 


За каков перфекционизам станува збор, доволно зборува и податокот дека фарбањето на автомобилот трае три недели и опфаќа осум слоеви. Сите компоненти потребни за склопување на автомобилите настануваат во техничкиот центар на само неколку стотици метри од Atelier. На површина од околу 1000 квадратни метри, овој единствен простор има бел епоксиден под, а фотографиите потврдуваат ни дека транспортот на деловите не е роботизиран.


За склопување на еден Chiron се потребни околу шест месеци, а на него работи тим од 20 луѓе. По склопувањето, моделот се тестира два часа, возејќи со брзина до 200 км/ч., а потоа почнува опремувањето на ентериерот и конечно заштитување со фолија за да се избегнат оштетувањата во текот на тестирањата на отворено. Пред испораката, тест возачите за осум часа преминуваат 350 километри и темелно го проверуваат секој дел од автомобилот. Ваквата работа ја извршуваат четири специјално обучени возачи со врвен слух.


Но, тоа не е сè – автомобилот се враќа на последна контрола во која четворица вработени со памучни ракавици, цели шест часа го измазнуваат автомобилот во потрага по неправилности. Потоа, член на управата на Bugatti лично го проверува моделот и го повикува клиентот на примопредавање, по уплата од минимум 2,4 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk