Ова е најпрофитабилната видео игра на мобилните уреди

Точка

11/06/2019

15:20

1.492

Големина на фонт

а а а

PUBG Mobile не е само најпопуларната игра на светот со повеќе од 100 милиони играчи месечно, туку воедно е и најпрофитабилната игра на светот кога станува збор за мобилните уреди.

Минатиот месец бил забележан рекорден приход од дури 146 милиони долари. Парите не доаѓаат само од итемите и скиновите кои играчите ги купуваат во играта, туку и од ребрендираната игра за кинескиот пазар под назив Game For Peace.

Се проценува дека PUBG Mobile видео играта во мај остварила приход од 76 милиони долари, а кинеската верзија Game For Peace дури 70 милиони долари.

Ребрендираната верзија компанијата Tencent ја објави во мај, откако кинеските регулатори го одбија барањето за монетизација. Станува збор за верзија на PUBG Mobile со кинеско патриотско опкружување и помалку крвопролевање. Наместо да умираат во локва со крв кога ќе бидат елиминирани од играта, ликовите стануваат и мафтаат со раката.


Овие промени можеби се најдобриот показател за потешкотиите со кои се соочуваат девелоперите на игрите во Кина, каде што кинеската влада ги забранува игрите кои ги смета за антисоцијални, коруптивни и слично.

Исто така, играта MOBA Honor of Kings исто така на Tencent е ограничена на само еден час играње за деца помали од 12 години, а за лица од 12 до 18 години на два часа дневно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk