Оваа плажа е толку многу убава што може да ве убие: Важна информација која мора да ја знаете пред да ја посетите

Точка

11/06/2019

20:49

16.091

Големина на фонт

а а а

Трагичен крај за бугарски пар на летување во Грција. Бугарска туристка доживеала голем алергиски шок што веднаш во моментот го изгубила својот живот, оставајќи ги нејзиниот сопруг и останатите туристи на плажата Митрос во Кефалонија во уште поголем шок.

Несреќната жена одвај стигнала да викне дека ја каснало оса. Нејзиниот сопруг потрчал до локалната кантина да побара помош, а неговата сопруга на крајот со приватно возило била пренесена до Здравствениот центар на островот. За жал кога стигнале таму веќе било предоцна, а докторите можеле само да ја констатираат нејзината смрт.


Плажата Митрос во Кефалонија позната е по големиот број оси, а вие мора да бидете навреме подготвени за тоа, но и да знаете дали сте алергични на тоа. Доколку сте алергични при рака мора да имате некои антихистаминици.


Алергиската реакција од убодот на оса може да се појави по првиот убод иако често се покажува по два-три повторувачки убоди.


Симптоми од алергија кои моментално бараат медицинска нега се:

- тешкотии во дишењето ;
- несвестица; 
- отекување на устата и грлото; 
- забрзан пулс или оток. 

Доколку не сте алергични, а ве касне оса важно е да го извадите отровот па да го пребришете убодот со оцет или раствор од сода бикарбона. Тоа ќе ви помогне да го намалите црвенилото или отокот.


Совет плус: Доколку сакате да ги избркате осите од себе понесете со себе на плажа метална чинија, ставете мелено кафе во неa и запалете го. Кафето полако ќе гори, а мирисот ќе ги брка осите од вас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг