Добар дел од машката популација ги прати британските спортови, а кога ќе им се спомене УФЦ, еден од поимите кои сигурно им поминуваат низ глава истиот момент е и провокативната Ариана Селести.
Прекрасната девојка од Октогон, која ги воодушевила гледачите пред натпреварот, овие денови направила секси фотосесија на познатата калифорниска плажа, Малибу.
Друштво ѝ правеле две подеднакво згодни девојки, а сините бикини кои оставаат без здив, многу лесно дозволуваат разни фантазии.
Снимањето било дел од промоцијата на проектот на Ариана, „Girlfriend Box“, кој вклучува и цела палета на производи за разубавување.
На страна од рекламата, девојките со своите фотографии ја подигнале температурата, а потоа Ариана ги споделила креациите со своите обожаватели на Инстаграм. Не е ни чудно што оваа девојка има три милиони следачи и што од оваа работа заработува повеќе од милион долари.