Таа е прогласена за најсекси жена на светот: Кога ќе ѝ го погледнете Инстаграм профилот, ќе ви стане јасно...

Точка

12/06/2019

13:15

5.579

Големина на фонт

а а а

Оливиа очигледно е пресреќна поради оваа „титула“, па веднаш им се пофали на своите обожаватели на социјалните мрежи.

Популарниот магазин „Максим“ ја прогласи манекенката Оливиа Кулпо за најсекси жена на светот за 2019-та година. Прекрасната Американка е избрана во конкуренција на 100 најубави жени на светот. Радосната вест веднаш ја сподели на социјалните мрежи каде што ја следат милиони обожаватели.

„Отсекогаш со восхитување гледав на Maxim Hot 100. Таму имаше многу паметни и успешни жени кои ме инспирираа мене и мојата кариера на безброј начини. Поради тоа, оваа насловна страна за мене е уште позначајна. Се уште не ми се верува. Им благодарам на сите кои беа покрај мене“, порача Кулпо на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Оливиа, откако ја освои титулата Мис на Америка, во 2012-та година беше прогласена за Мис на Универзумот. Нејзината кариера како манекенка потоа тргна со огромна брзина, започна да ги краси насловните страници на реномираните магазини и стана заштитно лице на светските модни брендови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk