Први фотографии на BMW Series 3 Touring

Точка

12/06/2019

14:50

307

Големина на фонт

а а а

Првите фотографии на новата генерација на караванската верзија на „тројката“ се појавија на germancarforum.com.

Иако и официјалната премиера на Series 3 Touring е блиску, сепак на интернет малку порано пристигнаа првите фотографии од овој модел. Стилски, нема големи изненадувања и може да се каже дека се е како што и се очекуваше.

Секако, се уште нема официјални податоци и ќе биде интересно да се види колку голем ќе биде капацитетот на багажниот простор, што веројатно им е најважно на купувачите на караван автомобилите.


Како и седан верзијата, така и караванот ќе пристигне со мотори со четири или шест цилиндри, а во понудата ќе има и plug-in hybrid. Хибридната верзија е опремена со 2,0-литарски турбо агрегат и еден електромотор, а батеријата е од 12 kWh.

BMW и кај караван верзијата на потенцијалните купувачи ќе им понуди погон на сите четири тркала, или само на задната осовина. Кога станува збор за менувачот, во понудата ќе има шестостепен мануелен и осмостепен автоматски менувач.

Според германските медиуми, кога станува збор за перформантниот модел M3 Touring, таква верзија веројатно воопшто и нема да има. Наводно од BMW не гледаат доволно заинтересираност на купувачите за еден таков автомобил, па најверојатно и нема да понудат таков модел на пазарот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk