На што да внимавате доколку одите со миленик на одмор?

Точка

12/06/2019

14:57

4.704

Големина на фонт

а а а

Кученца до 4 месеци не треба да се носат на плажа, оставете ги дома - советува д-р Јасминка Ван Дер Филер - ветеринар. Што сте обврзани да направите пред патувањето во поглед на подготовка на документација, вакцинација и како да се однесувате на плажа. За несаканите здравствени проблеми кои може да се појават кај миленикот и начинот на исхрана дознавате од интервјуто со неа.

Како да се подготват милениците за патување?

- Ако сакате со Вас да си го земете миленикот на пат преку границите на Македонија има неколку работи што сте обврзани да ги направете пред патувањето:

1. Да се извади пасош на миленикот. Од 2014 година Р.Македонија има сопствени,верифицирани од сите страни држави,секој со свој посебен и единствен број,исто како и за луѓето. Одгледувачот на домашен миленик треба да го идентификува животнотно во рок од шест месеци од раѓањето со средства за идентификација. Одгледувачите кои набавиле идентификуван домашен миленик треба да ги ажурираат податоците во пасошот на домашни миленици и да ја пријават промената до Агенцијата во рок од 30 дена. На секој домашен миленик по апликацијата на средството за идентификација му се издава пасош со податоците за животното и одгледувачот на животното. Податоците од пасошот од ставот (4) на овој член се внесуваат и во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон. Доколку средството за идентификација се оштети или е неупотребливо, одгледувачот треба во рок од 30 дена да го замени средствтото за идентификација со ново. Податоците од заменетото средство за идентификација треба да се внесат во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон на начин кој овозможува идентификација на претходната ознака на животното по што се издава нов пасош за животното. Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за идентификација и регистрација на други видови животни.

2. Да се стави чип.Тој се аплицира поткожно на левата страна на вратот.Со тоа Вашиот миленик си добива свој единствен број,како што ние имаме матичен број.

3. Да се вакцинира против беснило.Тоа е со Закон прецизирано и е обврзувачко за секој сопственик да го спроведе.Вакцинацијата се спроведува еднаш годишно.Првата вакцина се аплицира на 4 месеци старост на миленикот.

Да се изврши дехемлминтизација, т.е да се прочисти од внатрешни паразити, 2 дена пред преминувањето на границата на РМ. 

4. Да се заштити од надворешни паразити, преку аплицирање на ампула против надворешни паразити или да се стави каифче. Истото треба да се направи 2 дена пред поминување на границата на РМ.

5. Редовно да се вакцинира против заразни болести.Ова вакцина се аплицира еднаш годишно за возрасни единки, а за малите се даваат 3 вакцини започнувајќи од 8 недела до наврсување на 12 недели старост.

6. Потребно е Вашиот Ветеринар да ви издаде Потврда за здраствената исправност на миленикот.

7. На крај се оди до Ветеринарниот Инспектор да ви издаде Сертификат за поминување преку границата на РМ.

Пред секое патување посетете го вашиот Ветеринар за редовна контрола на здравјето на миленикот и потребната превентива.

На што да се внимава на плажа?

- Прво ако се одлучете да го носете вашиот миленик на одмор со вас, на плажа, информирајте се на која плажа е дозволено да се носат миленици. Обавезно на плажа носете го со поводник, не е пријатно кога е полна плажата со луѓе да го пуштете да трча наоколу. Ако Вие ги сакате животните и не се плашете од нив, има луѓе кои се плашат. И обратно, можеби вашиот миленик ќе изреагира лошо на некоја за него невообичаена реакција од другите ,посебно од децата, па ќе дојде до несакана ситуација.


За миленикот купете крема за сончање со најјак заштитен фактор.Пред да биде изложен на сонце ,треба да се намачкат деловите од телото кои немаат влакна ,и тоа 30 минути претходно. Обавезно мора да имате чадор за саштита од сонцето, кучињата не смеат да бидат долго изложени на директно сонцево зрачење. 

Носете доволно вода за пиење за миленикот.


Сите очекуваат дека кучињата знаат и сакаат да пливат. Не мора да значи.Тоа зависи многу од расите на кучињата. Кучињата со брахијална вилица ( мопс, булдог ) не сакаат и не можат да се капат ,може да се задушат. Некои од нив се плашат од вода, посебно ако тоа им е прв пат да бидат во таква ситуација. Затоа не го присилувајте кучето , не го фрлајте во водата. Направете го тоа полека, да не биде стрес за него. После капење во солена вода препорачливо е да се избањат со обична,слатка вода, затоа што солта може да ја оштети кожата.

ВАЖНО !!! Кученца до 4 месеци не треба да се носат на плажа, оставете ги дома.

Несакани појави?

- После секое капење внимавајте на миленикот, како се однесува. Може да дојде до повраќање ,пролив. Тоа се случува ако се напијат повеќе од солената морска вода. Ако се повторува повеќе пати, не го пуштајте повеќе во вода и однесете го на ветеринар.


Друга опасносте по здравјето е сунчаницата и топлотен удар .

Важно е да се рагира брзо ако се примети дека кучето е дехидрирано или покажува некои или сите, од наведените симптоми на топлотниот удар.

• Забрзано и тешко дишење

• Висока температура ( над 39 степени)

• Зголемена жед

• Често повраќање

• Дезориентација

• Многу црвен јазик и бледи гингиви

• Кожата околу носот или вратот не се враќа назад кога ќе се подигне

• Тешкотии при дишењето

• Несвестица или кома

• Густа плунка

• Забрзана работа на срцето

Во тој случај треба да се тргне кучето од сонце и жештините. После тоа, треба да се разлади кучето, така што се полива со вода (никако со мраз) или се стават мокри крпи на телото на кучето.

Оставете му свежа вода за пиење, само не го терајте да пие на сила.

Додека го разладувате својот миленик повикајте Ветеринар. Што е можно побрзо однесето го кучето во Амбуланта каде ќе му биде дадена прва помош.

Бон-тон на плажа?

- Затоа што сте сигурно поголем дел од денот на плажа, треба да водите сметка за физиолошките потреби на миленикот. Не дозволувајте да ги извршува на плажата и обавезно соберете го фецесот. Собраниот фецес ставете го во повеќе кеси, да не мириса целата плажа.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг