Ирина Шајк денес на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во бикини од брендот во кој е заштитно лице.
Убавата Русинка неодамна ја прекина четиригодишната љубовна врска со актерот Бредли Купер, а бројните обожаватели го следат секој нејзин чекор на социјалните мрежи.
Ирина за фотографијата добила речиси 700 илјади лајкови, а нејзината фотографија ја лајкнал поранешниот вереник на Лејди Гага, Кристиан Карино.
Овие денови во медиумите се шират многу информации за љубовта меѓу Ирина и Бредли. Трачевите го достигнаа својт врв откако Бредли и Гага имаа емотивен настан на доделувањето на Оскарите.