Франција воведува забрана за продажба на бензински и дизел автомобили, познато и кога

Супермен

13/06/2019

11:19

3.396

Големина на фонт

а а а

Франција не се откажува од забраната за продажба на нови автомобили со погон на фосилни горива.

Уште во 2017 година, тогашниот министер за животна средина Николас Хулот изјавил дека Франција до 2040 година ќе раскрсти со продажбата на автомобили на фосилни горива, а десет години подоцна ќе стане и “CO2 неутрална”. Истата идеја сега ја поддржала и француската влада, па така министерката за сообраќај Елизабет Борн изјавила дека новиот закон за сообраќајот налага изградба на електрични полначи за да ги зацврсти претходните ветувања за воведување на забраната. 


“Имаме цел до 2050 година да бидеме CO2 неутрални, па затоа нѝ треба веродостоен пат дотаму, а тоа вклучува забрана на продажба на нови автомобили со погон на фосилни горива од 2040 година”, се изјаснила министерката и ветила дека таа цел ќе стане и дел од новиот закон, јавува “Reuters”.

За потсетување, Хулот прв даде предлог за забрана на продажба на нови автомобили со класичен погон. Само една година подоцна, тој поднесе оставка токму поради тоа што владата не направила доволно на полето на екологијата, а сè досега ваквиот предлог “висеше” во воздухот.


Важно прашање околу оваа тема е домашната автоиндустрија, односно како на оваа ситуација ќе реагираат најголемите произведувачи. Иако Renault веќе има етаблирани електрични модели, а PSA концернот воведува електричен Peugeot 208, станува збор за компаниите чија гама и понатаму е врзана за фосилните горива. Нема сомнеж дека државата сигурно ќе помогне на ова поле, што го потврдила и министерката, но останува непознато од кога и во која мера.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk