Новото лице на луксузот: Bentley Flying Spur

Точка

13/06/2019

17:06

841

Големина на фонт

а а а

Британскиот производител ја претстави третата генерација на престижната лимузина наречена Flying Spur.

Од Bentley и официјално ги објавија првите фотографии и детали за најнапредната луксузна спортска лимузина на светот. Станува збор за новиот Flying Spur.

Како што велат Британците, новиот Flying Spur нуди уникатна комбинација на луксуз и перформанси на спортска лимузина. Кога станува збор за надворешниот изглед, јасно е дека дизјанерите во Bentley најголемата инспирација ја црпеле од Continental GT моделот, но се тука е изработено во поголеми димензии.


Од Bentley не разочараа со тоа што е сместено под хаубата – тука е сместен моќниот 6-литарскиот W12 мотор со турбополнач кој испорачува дури 626 коњски сили.

Овој нов TSI мотор обезбедува и 900 Nm максимален обртен момент, а автомобилот и покрај тоа што има големи димензии, од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,7 секунди, додека максималната брзина изнесува 333 километри на час.


Првите примероци би требало да пристигнат во продажните салони кон крајот на летото, а засега не е познато по која цена ќе се продава новиот Flying Spur.




Спонзорирани линкови

Маркетинг