Несудената калуѓерка која денес е популарна убавица и “крши“ машки срца

Точка

13/06/2019

19:03

5.929

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите жени на светот наполни 38 години. Оваа убавица секогаш привлекува внимание во јавноста и не престанува да ги интригира домашните и странски медиуми со својот приватен живот.

Благодарение на својата убавина, Андријана Лима направи голем успех во модната индустрија. Така во 2014-та година беше втора најплатена манекенка во светот, а во просек годишно заработува околу 10.5 милиони долари.

Нејзиниот пат до успехот не бил лесен ниту брз, но на крај се исплатило.


Убавината на Андријана е необична комбинација на гените. Манекенката во крвта има комбинација на бразилски, швајцарски, португалски и јапонски гени.

Таа е еден од најубавите ангели на „Викторија Сикрет“, позната е по нејзиното екстремно и редовно вежбање кое е заслужно за нејзиниот изглед.

Андријана ја интригира јавноста и со својата религиозност. Познато е дека манекенката е пожртвуван верник, католик, која секоја недела оди на миса.

Убавата Бразилка во една прилика признала дека кога била средношколка сакала да се замонаши и да биде калуѓерка.

Посебно интересно е тоа што Андријана Лима до венчавката со српскиот кошаркар Марко Јариќ била девица.


„Сексот е за брак. Мажите мора да го почитуваат тоа и да сфатат дека тоа е мој избор. Доколку тоа не го почитуваат, значи дека всушност не ме сакаат“ - изјавила Андријана.

По разводот од Марко Јариќ, медиумите пишуваа за нејзиниот љубовен живот.


Се шпекулираше дека Лима на некои мажи им го “скршила“ срцето, но и дека ги внесувала во љубовни триаголници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk