Ајнштајновата загатка може да ја решат само два отсто од луѓето: Дали и вие сте меѓу нив?

Точка

14/06/2019

11:00

6.169

Големина на фонт

а а а

Оние кои ќе успеат да дојдат до решението на Ајнштајновата загатка од 1930-та година, можат да се пофалат дека се високо интелигентни луѓе.

Оваа загатка ја смислил Алберт Ајнштајн во 1930-та година. Таа е малку модифицирана и прилагодена на денешното време, но и денес можат да ја решат само два отсто од луѓето. Нема никакви скриени трикови, а се базира само на логика. Дали сте во состојба да излезете на крај со неа?

Прашањето гласи: Кој има риба за милениче?

Потребни факти:

- Британците живеат во црвена куќа.
- Швеѓанинот има куче за милениче.
- Зелената куќа се наоѓа од левата страна на белата куќа.
- Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
- Сопственикот кој пуши Пал Мал цигари има птица за домашно милениче.
- Човекот кој живее во жолтата куќа пуши Данхил цигари.
- Човекот кој живее во куќата на средина пие млеко.
- Норвежанинот живее во првата куќа.
- Сопственикот кој пуши Бленд цигари живее покрај куќата на човекот кој има мачка за домашно милениче.
- Човек кој има коњ живее покрај човекот кој пуши Данхил цигари.
- Човекот кој пуши цигари Блумастер пие пиво.
- Германецот пуши цигари Принц.
- Норвежанинот живее покрај сината куќа.
- Човекот кој пуши Блендс цигари живее покрај човекот кој пие вода.  

Одговорот на прашањето, како и постапката како се доаѓа до решението може да го погледнете во видеото.

Нема да ви го расипуваме задоволството, се надеваме дека сте еден од педесетте луѓе кои успеале да го пронајдат решението на оваа загатка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг