Ремек-дело на природата во соседството: Таму се крие историја стара 70.000 години

Точка

15/06/2019

12:00

4.208

Големина на фонт

а а а

Пештерата Деветашка во Бугарија во своите ѕидови крие историја стара 70.000 години. Во 1996-та година прогласена е за споменик на природата.

Во неа се пронајдени многу предмети кои ја потврдуваат теоријата дека оваа пештера била населена уште од палеолитот. Се наоѓа на околу два часа возење од Софија и на 25 минути од преубавите водопади Крушун.


Деветашка е долга два километри, висока 60 метри, а делумно и до 100 метри. Има и седум големи дупки низ кои поминува светлината па затоа тие дупки се наречени “очи“.

На околу 200 метри од влезот, од левата страна тече река, формирајќи мали езера и водопади, а на десната страна се имаат обликувано неколку простории.


Пештерата ја красат многу сталагмити и сталактити, а денес во неа живеат околу 35.000 лилјаци, повеќе од 80 видови птици и многу заштитени рептили.

По дупките исто така позната е и најдолгата пештера во Бугарија која се вика Проходна, а попозната е како „Божји очи“. Таа е поблиску до Софија, се наоѓа на околу час и половина возење од Софија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг