Сите мислеа дека мистериозната „Област 51“ е конечно затворена: Овие снимки докажуваат дека во тајната база сè уште се случуваат необични работи

Точка

15/06/2019

10:45

6.113

Големина на фонт

а а а

Американецот Кристијан ја снимил тајната база „Област 51“ додека престојувал на некоја планина во близина. Иако веќе неколку години се сметаше дека „Област 51“ повеќе не е во функција, снимката покажува одредени активности, поточно летала кои слетуваат и полетуваат.

Се забележуваат и некои камиони.

Кристијан снимил неколку видеа од „Област 51“, а тоа што најмногу му го одзело вниманието бил белиот објект кој се наоѓал недалеку од складиштето. Меѓутоа не може точно да се види за што станува збор.

Тој на снимката “фатил“ авион кој служи за транспорт на воени лица, а се работи за строго доверлива флота на летала.


„Област 51“ е американска воена база во Невада која ја основала ЦИА во 1995-та година. Тоа е строго чувана база за испитување авиони и ново оружје, а токму поради големата таинственост се смета дека таму се прават експерименти дури и за вонземјани.

Во раните 50-ти години на минатиот век, американските авиони правеле ниски летови над СССР во рамките на извидничките мисии. Сепак американската влада постојано била во страв дека авионите можат да бидат забележани и уништени.

Поради таа причина, американскиот претседател Двајт Ајзенхауер во 1954-та година одобрил развој на нов авион наменет за шпионирање на Советскиот Сојуз.

Проектот кој го носел името „Акватор“ користел само оддалечени области кои не би биле лесно достапни за цивилите и шпионите, а „Област 51“ била совршена за тоа. Со оглед на тоа што претходно на истата таа област биле правени нуклеарни истражувања, војската била многу добро запозната со теренот.

Летото, 1955-та година почнале да пристигнуваат пријави во врска со НЛО, но тоа што луѓето го виделе не биле вонземјани туку тестирање на борбени авиони „У-2“ кои што имале способност да летаат на висина од 18.000 метри.

Патничките авиони летале на висина од 3.000 до 6.000 метри што значи дека пилотите не можеле да знаат што претставуваат “малите точки“ кои ги забележувале високо на небото.

Иако американската влада знаела дека станува бор за “У-2“, тоа секако не смеела да го изнесе во јавноста, така што тогаш објасниле дека станува збор за “природен феномен“ и “метеоролошки истражувања“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг