И вагината старее: Еве како се менува во 30-те, 40-те и 50-те години од животот

Точка

15/06/2019

14:00

13.241

Големина на фонт

а а а

Како сите делови на телото така и вагината се менува низ годините и доживува одредени промени. Женското тело се менува низ годините, но постои дел од телото кое старее заедно со вашата коса, кожа и мускули, а за кое не размислувате - вашата вагина.

„Како и останатите делови од вашето тело така и вагината е под големо влијание на стареењето и затоа многу е важно да се грижите за неа“ - објаснува гинекологот Шери Рос, авторка на книгата „She-ology: The Definitive Guide to Women's Intimate Health“.

Не само што низ годините се менува изгледот на тој дел од телото туку и начинот на кој го доживувате, но и како функционира во текот на сексот.


Вагината во 30-те години

Првата драматична промена се случува во пубертетот. Се зголемува влијанието на хормонот, усните се зголемуваат, растат влакната, а вагината почнува да создава и да лачи секојдневна течност.

„Интимните делови од телото повторно се менуваат по раѓањето на првото дете, што на многу од жените им се случува во 30-те години. Со секое породување “мускулите на дното на карлицата се растегнуваат за детето да може да излезе надвор“ - објаснува докторка Рос. Многу од жените тогаш забележуваат дека нивната вагина е проширена, можеби чувствуват леснина во текот на сексот, но тоа се разликува од жена до жена.

Не се менува само внатрешноста на вагината.

„Надворешниот изглед може да биде опуштен или како да е конвексен“ - објаснува гинекологот Салена Заноти.

Тоа може да се случи поради породување или поради годините. По породување жените може да чувствуваат сувост на матката, но тоа е само привремено.


Вагината во 40-те и 50-те години

По породување следно е предменопауза, 5-10 години пред да настапи менопаузата. Во текот на предменопаузата телото произведува помалку естроген,

„Ова е вообичаено во 40-те години, но кај некои жени може да настапи подоцна. Естрогенот ја одржува влажноста во тој дел на телото и добриот проток на крвта“ - вели гинекологот Џон Топил.

„Без одреден естроген вагината е потенка и помалку еластична, а може да постигне и помала влажност“ - додава д-р Заноти.

„По менопаузата која просечно настанува во 51-та година, вагината и клиторисот може да се намалат, а може да се промени и нивната боја“ - вели д-р Рос и додава дека сексот тогаш може да биде проследен со болки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг