По веста дека му се приклучила на Роберт Кенеди Помладиот во лобирањето против законот за вакцинација во Калифорнија, актерката Џесика Бил го изнела својот став на оваа тема.
Оваа вест дополнително ја вознемирила веќе поделената јавност околу прашањето за вакцинација на децата, а познатата актерка на прашањето што мисли за вакцинацијата и лобирањето против усвојувањето на законот рекла:
"Јас не сум против вакцинација. Ги поддржувам децата кои се вакцинираат и ги поддржувам семејствата кои имаат право да донесат медицински одлуки за своите деца заедно со нивните лекари", истакнала Бил.
Актерката инаку отишла во Сакраменто да разговара со законодавците во Калифорнија за предложниот закон.
"Моите пријатели имаат дете со здравствена состојба која ја оправдува невакцинацијата и ако овој закон се донесе, тоа во голема мера ќе влијае на способноста на семејството да се грижи за своето дете во оваа држава".
"Затоа разговарав со законодавците и расправав против овој закон. Не затоа што не верувам во вакцинацијата, туку затоа што не верувам во докторите и нивната способност да одлучат што е најдобро за нивните пациенти и да им обезбедат добар третман", рекла актерката.