Се обидел да ѝ го украде автомобилот на бензинска станица, а нејзината реакција го запрепастила

Точка

15/06/2019

13:53

5.902

Големина на фонт

а а а

Крадците мора да бидат сè покреативни за да успеат во она што го наумиле, па затоа не се плашат да крадат и на бензински пумпи. Но, една сопственичка на автомобил храбро му се спротивставила во крадецот кој имал ваква намера.

Девојката стоела на бензинската пумпа во Џорџија за да наточи бензин во својот Мерцедес. Во моментот кога таа почнала да точи, покрај нејзиниот автомобил застанал друг од кој истрчал маж и се обидел да влезе во возилото, јавува “WSB”. Девојката ја забележала ситуацијата и изреагирала со молскавична брзина, скокнувајќи низ отворениот прозорец на совозачката врата, а крадецот очигледно останал збунет во обидот за кражба, се вратил во својот автомобил и побегнал. 

Сопственичката на Мерцедесот изјавила дека и претходно слушнала за ваквите кражби на бензински пумпи, па затоа секогаш ја следела околината додека точела бензин. Така на време го забележала сомнителниот автомобил и го претчувствувала планот на крадецот. Таа изјавила дека е шокирана што некој се обидел да ѝ го украде автомобилот додека стоела покрај него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг