Ван Бисака ќе почека, Оле пред ангажман на второто летно засилување

Дерби

15/06/2019

14:08

760

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер ја склопи листата на играчи кои ги посакува во летниот преоден рок, и интересно е тоа што во плановите на Норвежанецот нема ниту една голема ѕвезда од тимот на Погба, Алексис, Лукаку кои доаѓаа во клубот во претходните преодни рокови.

„Ѓаволите“ веќе го договорија ангажманот на Даниел Џејмс кој е прво засилување за Солскјер во тренерската ера како предводник на Манчестер Јунајтед.

Иако се очекуваше второ засилување да му биде Арон Ван Бисака од Кристал Палас, се верува дека втор играч кој ќе пристигне на „Олд Трафорд“ е младиот Шон Лонгстаф од Њукасл.

За 21 годишниот фудбалер кој минатата сезона одигра 13 натпревари во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед ќе издвои околу 25 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг