Играчот кој постигна 26 погодоци минатата сезона одлучен да успее во Челси

Дерби

15/06/2019

14:10

1.411

Големина на фонт

а а а

Многу фудбалски аналитичари со нетрпение очекуваат да го видат тимот на Челси за следната сезона.

„Сините“ од Лондон во новиот шампионат ќе влезат со само едно ново име, Кристијан Пулишиќ, а новиот тренер ќе мора да го „крпи“ тимот со играчи кои минатата сезона беа праќани на позајмици.

Еден од тие фудбалери кои би можеле да добијат шанса е Тами Абрахам кој блесна во дресот на Астон Вила каде постигна 26 погодоци на 42 настапи.

21 годишниот напаѓач веројатно ќе остане во Лондон затоа што Гонзало Игуаин дефинитивно си заминува, па се очекува да ја дели минутажата со Оливие Жиру и Мичи Батсуаи.

Свое видување за ситуацијата даде и самиот Абрахам кој истакна дека сон му е да влезе во првиот тим на Челси.

– Никогаш не вели никогаш, можно е враќање и во Астон Вила. Сепак, Челси е клубот во кој сум од најмала возраст, па мојата цел е да се изборам за настап таму. Како што реков, никогаш не вели никогаш, ќе дознаеме наскоро што ќе се случи, - истакна Абрахам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг