Пресврт: Севиља на Фенербахче за Елмас му нуди понуда што не се одбива

Дерби

15/06/2019

14:11

2.373

Големина на фонт

а а а

Нов ден, нов тим се поврзува со ангажман на нашиот репрезентативец и член на Фенербахче, Елјиф Елмас.

Медиумите во Турција денеска пренесуваат дека конкретна понуда, која тешко се одбива, стигнала од Андалузија, од тимот на Севиља.

Шпанскиот тим во намерата да ги победи конкурентите во битката за Елмас понудила 15 милиони евра плус стоперот Симон Кјаер. Со тоа понудата за Елмас би изнесувала околу 23 милиони евра и тешко дека од Фенербахче би ја одбиле.

Тоа значи дека, ако им се верува на денешните пишувања, Елмас е најблиску до трансфер во андалузискиот клуб.

Во изминативе две недели клубовите заинтересирани за Елмас се редеа како на филмска лента, од Интер преку Атлетико Мадрид, па се до Наполи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг