Фановите запрепастени од видеото: „Веќе 10 години го шминкам целото тело“

Точка

15/06/2019

14:20

12.769

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан Вест на почетокот на оваа година призна дека веќе со години се бори со псоријаза, хронична непренослива болест која воглавно се манифестира со промена на кожата и ноктите и која може да предизвика сувост, лупење, воспаление и промена на бојата.

А, сега, старлетата откри и дека поради псоријазата веќе 10 години ги шминка и другите делови од телото, освен лицето, и на Инстаграм сподели видео од своите рутини за прекривање на неправилностите на нозете.

View this post on Instagram

I’m so excited for you guys to try my new @kkwbeauty Body Collection. It consists of 3 different products (body make up, a liquid body shimmer and a loose shimmer powder). I use them all separately and sometimes all together depending on the look I am going for. This one shown above is the body Make Up. This is what I use most often. I don’t always like my legs to have shimmer on them. I use this when I want to enhance my skin tone or cover my psoriasis. I bruise easily and have veins and this has been my secret for over a decade. I’ve learned to live with and not be insecure of my psoriasis, but for days when I want to just cover it up I use this Body Makeup. My formula is so creamy and buildable and has a smooth satin finish. It builds easily for a more full coverage if needed. It launches 06.21.19 at 12pm pst at kkwbeauty.com #kkwbeauty. Stay tuned for some videos showing how i use it all.

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

„Го користам ова за да ја нагласам својата боја на кожата и да ја прекријам псоријазата. Склона сум на модрици и имам видливи вени, а ова е мојата тајна повеќе од десет години. Научив да живеам со псоријазата и не дозволив да ми ја намали самодовербата, но во деновите кога сакам да ги покријам несовршеностите, го користам овој мејкап за тело“, напишала Кардашијанката во описот на објавата со кој ја претставува и својата нова линија на шминки за тело, кои ќе бидат лансирани на 21-ви јуни.


Ким објавила и компаративна фотографија од своите нозе пред и после мејкапот и мора да признаете дека резултатите се запрепастувачки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг