Ова градче како да го проголтале планини, а туристите најмногу ја сакаат атракцијата „Ангелски лет“

Супермен

15/06/2019

15:12

1.117

Големина на фонт

а а а

Пјетрапетроса е градче изградено на карпи, помеѓу џиновските т.н. „Јужни Доломити“ во италијанскиот регион Базиликата.

Планинскиот терен во овој регион, ја оневозможил комуникацијата сè до неодамна, па Базиликата е еден од најслабо развиените делови на Италија.

Застаната во времето, Пјетрапетроса е совршено вклопена во околината, а делува како да ја проголтале планините.


Градот во облаци има и адреналинска атракција – Ангелски лет. Супербрзата зип-линија од врвот на Пјетрапетроса нуди многу возбудувања и поглед кон острите карпи.

Во овој град се наоѓа дворецот Арабат, до кој водат стрмни камени улички и скали кои се прилагодуваат на специфичниот терен.


Посетата се наградува со фантастичен поглед на шуми, планини, езера и долини.

Вреди да се посети и црквата Мадре ди Сан Џакомо, која го чува насликаното дрво од 15-ти век. Без оглед на нејзината убавина, Пјетрапертроса сè уште не е толку популарна во споредба со останатите италијански градови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk