Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Макфакс

15/06/2019

16:23

785

Големина на фонт

а а а

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави грчкиот медиум „Прототема“.

„Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи да ја вклучат географската одредница во главниот слоган ‘Македонија вечна’, пишува „Прототема“.

За непроменетото име на интернет-страницата Macedonia timeless, пред една недела реагираше опозициската грчка партија Нова демократија.

„Провокативната и дрска употреба на терминот Македонија од официјален сајт на Скопје и тоа за туристичка промоција на соседната земја, на најлош начин ги оправдува предвидувањата на Нова демократија дека по неприфатливото отстапување на владата на Ципрас, на соседите безусловно да им ги отстапи наводните ‘македонски идентитет и јазик’, терминот ‘северна’ едноставно ќе избледи и ќе се заборави. Владата мора веднаш да реагира“, соопштија од Нова демократија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг