Гулит за преродбата на Милан: Клубот имаше еден голем проблем досега

Дерби

15/06/2019

17:48

853

Големина на фонт

а а а

Милан во текот на вчерашниот ден го официјализираше враќањето на Звонимир Бобан во клубот, а набрзо откако му беше доделена директорската функција, клубот соопшти дека во тандем со Паоло Малдини ќе бидат задолжени за операциите на трансфер пазарот.

Двете легенди на Милан ќе имаат взаемна соработка за најважните прашања кои треба свој одговор да добијат ова лето, а иако „росонерите“ се финансиски лимитирани за привлекување на звучни имиња поради тоа што не обезбедија пласман во Лигата на шампионите, Руд Гулит смета дека клубот конечно е на вистинскиот пат.

– Милан веќе неколку години се мачи и не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но искрено се надевам дека следнвата сезона со чело на Малдини ќе може да биде многу подобро. Потребни се пари за да создадете добар тим, само така може да купите добар играч. Проблемот на Милан беше тоа што во изминативе две години имаше пари, но директорите не знаеја добро да ги потрошат. Беа купени играчи кои не се на нивото на Милан, – вели Гулит за „Скај Спорт Италија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг