Чеферин им одржа лекција на Англичаните на предавање во Оксфорд: Постојано „плачете“, не си правите добро со тој пристап!

Дерби

15/06/2019

17:50

1.471

Големина на фонт

а а а

Англиските клубови Арсенал и Челси и нивните фанови кренаа голема врева околу тоа што големото финале во Лига Европа се играше во Азербејџан, а иако нивните забелешки имаа логика ако се знае големиот пат и финансиските средства кои треба да се обезбедат, на нивна страна не застана првиот човек на УЕФА.

Александар Чеферин при гостувањето во „Оксфорд универзитетот“ без влакна на јазикот распали за поплаките кои ги имаа претставниците на двата клуба, бидејќи според него, дел од фудаблската елита треба да бидат и помали развиени земји како што е Азербејџан.

– Секогаш кога има англиски клубови, има и поплаки. Не си правите услуга и не си создавате популарност во европскиот фудбал со таков пристап. Оние кои ме прашуваат зошто се играше финалето во Баку, јас му велам: И таму постојат луѓе и тие се човечки суштества кои сакаат големи натпревари. Ако имавме два клуба од Азербејџан кои требаше да играат во Лондон, сигурен сум дека никој немаше да се буни. Ќе дојдеа и ќе играа без проблеми. Пред една и пол година одлучивме дека финалето ќе биде во Баку, на модерен стадион кој собира 70 илјади фанови. Само еден стадион во Англија е поголем од стадионот во Баку. Само за потсетување, натпреварот се играше во 11 часот по локално време во Баку, но од нив никој не се пожали. И во иднина ќе се играат финалиња во вакви земји. Фудбалот треба да се развива сегде, не само во Англија или Германија, – потенцира Чеферин.


Сепак, иако Чеферин вели дека фудбалот треба да се развива насекаде, интересно е што токму тоа „насекаде“ најчесто е во земји кои што се богати со нафта како Катар и Азербејџан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг