Скромниот Чоло во поинакво издание: Симеоне ја изненади цела јавност со последната објава на Инстаграм

Дерби

15/06/2019

17:50

2.565

Големина на фонт

а а а

Шпанската спортска јавност веќе неколку дена на големо ја најавува свадбата која оваа вечер ќе ја имаат Серхио Рамос и Пилар Рубио, свеченост на која ќе бидат повикани речиси 500 гости, од кои добар дел ќе бидат фудбалери и познати личности од Шпанија.

Таблоидите кренаа голема фама околу свадбата на Рамос и една од главните вести е онаа дека Кристијано Роналдо не е поканет на забавата во Севилја, но додека сите се во исчекување на големата прослава на капитенот на Реал Мадрид, Диего Симеоне на далеку поскромен начин откри дека направил мала церемонија на која го кажал судбоносното „ДА“ со Карла Переира.

– Денеска, 14 јуни, при една интимна церемонија во присуство на нашите најблиски, се венчавме… Многу сме среќни, – напиша тренерот на Атлетико Мадрид кој на овој начин покажа како може еден важен ден во животот да мине на најскромен можен начин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг