Откриен е тајниот план на Пентагон за удар на Русија: Еве која е првата мета на Американците

Точка

16/06/2019

11:31

9.495

Големина на фонт

а а а

Специјалните служби на САД ги зголемиле обидите за инсталирање на штетен софтвер во енергетскиот систем на Русија, пренесува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори од американската влада.

Според информациите на „Њујорк Тајмс“, од 2012-та година САД интензивно ја следат работата на системот за контрола на енергетските мрежи во Русија, но во изминатиот период избрале уште поагресивна стратегија. Сега, основната задача на специјалните служби е инсталирање на штетен софтвер во компјутерите на рускиот енергетски систем.

„Во текот на изминатите години, таквите акции станаа многу поагресивни. Работиме во такви размери, какви што во минатото не можевме ниту да ги замислиме“, изјавил еден од високите чиновници во специјалните служби, во разговор со новинарите на „Њујорк Тајмс“.


Споменатиот медиум пренесува дека целта на таквиот пристап е на Русија да ѝ се испрати предупредување и да се обезбеди можноста за во било кој момент да биде изведене сајбер напад „во случај на почеток на сериозен судир на Вашингтон и Москва“.

Инсталирањето на штетниот софтвер во руските системи се смета како сериозен механизам за сопирање на контра-ударот на Русија. Новите мерки станале можни откако американскиот Конгрес го усвои буџетот за оваа финансиска година.

Конгресот меѓу другото, обезбеди средства за операции во сајбер-просторот, кои што се насочени кон развој на „софтвер за заштита од напади и штетни дејствија на интернет против Соединетите Американски Држави“.


„Клучното прашање, на кое не може да се даде одговор без да се има пристап до доверливи информации е – колку длабоко успеале САД да продрат во рускиот енергетски систем“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според весникот, со пристапот до тие информации „ќе биде можно да се каже дали САД би можеле да ја потонат Русија во темнина или целосно да ги парализираат руските вооружени сили“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг