Голема бура ги погоди Швајцарија и Франција: Има и загинати

Точка

16/06/2019

11:31

6.812

Големина на фонт

а а а

Една жена го загубила животот откако врз неа паднало дрво, а друга загинала во несреќа на езеро во источна Франција која синоќа беше погодена од силна бура, исто како и западна и централна Швајцарија.

Германска туристка го загуби животот во камп во францускиот град Танинжес во бурата која срушила дрво, пренесува радио станицата „Франс Блу“.

Во близина, на самата граница со Швајцарија, животот го загубила уште една жена, откако потонала јахта во Женевското езеро за време на бурата која донела силни дождови, град и поплави. Швајцарските медиуми пренесуваат дека пловилото се насукало во близина на Женева.

Уште еден маж кој бил на истиот брод успеал да доплива до брегот и да повика помош, меѓутоа спасувачките екипи не успеале да ја спасат жената, а нејзиното тело било пронајдено на дното на езерото.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, синоќа во Швајцарија и на југот на Франција дувале ветрови со брзина од 110 километри на час.

##https://twitter.com/IvanMeunier1/status/1139992858939858949##



Спонзорирани линкови

Маркетинг