Јувентус на несекојдневен начин го потврди Сари за наследник на Алегри!

Дерби

16/06/2019

16:06

3.642

Големина на фонт

а а а

Она што со денови се шпекулираше во спортската јавност во Италија и Англија, ова попладне доби и официјална потврда од страна на Јувентус, клуб кој преку својата веб страна информираше дека Маурицио Сари и дефинитивно е наследник на Масимилијано Алегри на жешкото столче во Торино.

Италијанскиот првак стави крај на сите дилеми со потврдата за ангажманот на досегашниот менаџер на Челси, а начинот со кој информираше за тригодишниот договор беше навистина необичен и несекојдневен. Јувентус во својата објава направи ретроспектива на цела кариера на искусниот италијански стручњак, започнувајќи од неговиот пат во Серија Б, продолжувајќи со водењето на Емполи, потенцирајќи ја неговата фантастична етапа во Наполи, па се до освоениот прв европски трофеј во Челси.

– Во 2015 година, Сари слета во Неапол и имаше импресивен учинок на клупата на „Аѕурите“. Тимот на Наполи осови 82, 86 и 91 поен од 2015 до 2018 година, со секоја сезона беше подобрен рекордот на клубот. Конечно, во 2019 година со Челси, Сари го подигна својот прв трофеј во Европа. А сега, неговата авантура започнува во Торино. Добредојде во Јувентус!, – гласи дел од објавата на Јуве.




Спонзорирани линкови

Маркетинг