Судијата кој им помагаше на наркоманите почина на сред судење: Пристигна да ја прочита пресудата и ненадејно му се слоши...

Точка

17/06/2019

10:50

3.583

Големина на фонт

а а а

Судија во американската сојузна држава Њујорк почина откако во судницата претрпе срцев удар, пренесуваат американските медиуми.

Судијата од Окружниот суд во Путнам, Џејмс Рич во петокот откако ја прочитал пресудата за еден случај, му се слошило.

„Сакавме да преминеме на следниот случај, но Рич го повика судскиот службеник и побара помош“, изјави Мери Елен Одл, извршна директорка за округот Путнам за американската телевизија „СиЕнЕн“.

Рич за жал набрзо потоа загубил свест, додека службеникот се обидувал да го оживее. За кратко време пристигнала и брзата помош која го пренела судијата во најблиската болница, но после 30 до 45 минути борба за неговиот живот, 57-годишниот судија починал.

Рич работел во округот Путнам од 2007-ма година, а во американската јавност беше познат по својата програма за рехабилитација со која на зависниците кои имаа сторено некој прекршок им овозможуваше лекување без издржување на затворска казна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг