Се продава најславниот автомобил на светот

Супермен

17/06/2019

12:53

1.683

Големина на фонт

а а а

Постојат многу автомобили кои ја стекнале својата слава во филмовите, но помеѓу нив особено место зазема еден класик од 60-тите години.

Во конкуренцијата која ја сочинуваат автомобилите како DeLorean од франшизата Back To The Future или Mustang-от од Bullit, изборот сепак паѓа на еден од автомобилите кој го возел најпознатиот шпион на светот. Погодувате, тоа не е BMW Z3, ниту Lotus, туку едниот и единствен – Aston Martin. 


Не зборуваме за некој нов примерок, туку за моделот DB5 кој Џејмс Бонд го возеше во два филма – Goldfinger и Thunderball. Аукциската куќа RM Sotheby’s на посебниот настан ќе им понуди еден примерок на купувачите, од само трите примероци за потребите на снимањето на овие филмови.

Тоа значи дека автомобилот ги поседува сите оние геџети кои се добро познати од филмовите, како митралези Browning, ротирачки регистарски таблички и совозачко седиште кое по потреба може да се катапултира.

Позната е и самата историја на автомобилот. Автомобилот по снимањето на Thunderball го откупил познатиот колекционер Лорд Ентони Бамфорд, а потоа 35 години бил изложен во музеј. На крајот, аукциската куќа го продала во 2006 година, а Aston потоа бил темелно обновен. Сега е повторно во понудата во рамки на настанот “An Evening with Aston Martin” кој се одржува ова лето во Пебл Бич.

Автомобилот се очекува да достигне цена од барем 5 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk