Ако имате Tesla, тогаш не ви треба гејминг конзола!

Точка

17/06/2019

15:22

2.003

Големина на фонт

а а а

Сопствениците на автомобилите на Tesla веќе имаат можност за играње на видео игри, а Илон Маск најави инсталирање на нови.

Љубителите на видео игрите имаат уште една причина за да се одлучат за купување на автомобилите на Tesla – сите автомобили на американскиот производител имаат низа на игри кои што може да се играат на главниот контролен екран.

Tesla веќе договори соработка со познатиот дизајнер на видео игри од Bethesda Game Studios, Тод Хауард, кој ќе смисли и развие нови видео игри кои ќе бидат инсталирани во автомобилите на Tesla.

Така, Fallout Shelter ќе биде деветата игра која сопствениците и потенцијалните купувачи на Tesla ќе ја имаат на располагање за играње во својот автомобил. Досега Tesla во својата понуда имаше неколку различни видео игри, од оние кои потестуваат на старите игри на Atari (слично на Super Breakout и Missile Commando), до новите игри како што е Beach Buggy Racing 2.

Сопствениците на Tesla нема да мора да купуваат никакви дополнителни контролери за играње. Доволно ќе биде само да го паркираат својот автомобил и да ја вклучат играта,а воланот ќе се претвори во контролер, по што забавата може да започне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг