Пробиен психолошкиот праг, биткоинот повторно скокна

Супермен

17/06/2019

14:41

1.770

Големина на фонт

а а а

Цената на биткоинот надмина 9000 долари во неделата, под влијание на извештајот дека Фејсбук наскоро ќе покрене сопствена криптовалута.

Вредноста на биткоинот во изминатите 24 часа достигна ниво од дури 9.381,82 долари, според ценовниот индекс на “CoinDesk”, пренесува “CNBC” и потсетува дека последниот пат кога биткоинот достигна цена од 9000 американски долари беше во мај минатата година. 

Од почетокот на тековната година, вредноста на оваа дигитална валута скокна за 140 отсто. Меѓутоа, биткоинот денеска забележа благ пад од 1,5 отсто на 9.157,59 долари.


На скокот на криптовалутите влијаела и веста дека Фејсбук наводно веќе од утре ќе лансира сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренеле дека вработените во оваа компанија ќе можат да примаат плата во новата валута.

Биткоинот направи неверојатен пресврт оваа година, по тешката 2018 година кога oваа валута регистрираше пад од преку 70 отсто.

Експертите тврдат дека вклучувањето на големите компании како Фејсбук и АТ&T во крипто просторот помагаат во зголемување на довербата бидејќи даваат одреден степен на легитимност во таа индустрија која долго време ја оптоваруваат приказни за илегалните активности, шпекулативната трговија и регулаторната контрола.

AT&T минатиот месец соопшти дека ќе започне да прифаќа крипто плаќања преку партнерство со BitPay.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk