Конечно откриено зошто мажите ги привлекуваат жени со фигура на песочен часовник

Точка

17/06/2019

15:13

5.113

Големина на фонт

а а а

Уште една голема причина зошто луѓето сметаат дека фигурата на песочен часовник е многу привлечна. Постои верување дека жените со пошироки колкови имаат тенденција да бидат поздрави и поплодни.

Меѓутоа новите докази кои ги изнеле социјалните антрополози укажуваат на уште една адаптивна причина за силна склоност на мажите кон жените кои имаат фигура на песочен часовник.

Според нивните докази, малку повеќе масти се доказ за здравје и факт дека сè уште немате дете.


Тесна половина во однос на колковите е сигнал за зрела младост, доказ дека во младоста мастите се распоредиле на вистински места, па така на пример младите жени имаат пошироки колкови во однос на половината додека пак маснотиите на половината се распоредуваат по раѓањето на бебе.

Кога девојчето ќе биде во пубертет таа почнува да произведува одреден вид масти на колковите, поточно омега 3 масни киселини. Таа маснотија е многу важна за развој на мозокот на потенцијалното потомство.


Значи, фигурата на песочен часовник не е сигнал дека младата жена во тој момент е максимално плодна туку дека сè уште нема деца и дека може да роди дете со здрав мозок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг