Мажите ќе пијат таблети за контрацепција?: Доколку тоа се оствари тогаш сите жени ќе бидат среќни, а еве и зошто

Супермен

17/06/2019

15:43

1.905

Големина на фонт

а а а

Научниците од Универзитетот во Вашингтон ги следеле ефектите од таблетите за контрацепција кај мажите околу еден месец на околу 40 испитаници. Кај оние мажи кои земале таблети, забележано е намалено количество на хормонот што укажува на тоа дека количеството на нивната сперма се намалило.

Мажите забележале несакани симптоми како што се замор, акни и главоболка. Петторица од нив забележале помала желба за секс, додека пак тројца од нив пријавиле проблем со еректилна дисфункција. Бидејќи ниту еден маж не побарал да се запре испитувањето, таблетите го поминале тестот.


„Мажите се многу ограничени кога станува збор за реверзибилната контрацепција. Доколку би ги прашале мажите дали би земале контрацептивни таблети, 50 отсто од нив нема да имаат ништо против. Кога ќе ги прашате нивните партнерки процентот станува уште поголем“ - изјавила Кистина Ванг на годишната конференција по ендокринологија во Њу Орлеанс.


Таблетите треба уште да се истражуваат пред да бидат пуштени во продажба. Мора да се спроведат истражувања во времетраење од три и повеќе месеци за да се дознае како таблетите влијаат на “долги патеки“ на произведувањето сперма.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk