По тешката борба со болеста, славната актерка ја избричила главата

Точка

17/06/2019

16:04

5.084

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Селма Блер минатата година открила дека се бори со мултипла склероза, а поради болеста одлучила да ја паузира својата кариера.

Сега, таа објавила фотографија на која нејзиниот 7-годишниот син Артур ја бричи нејзината глава. 

“Луѓе, им се враќам на корените”, напишала актерката на својот Инстаграм профил.

“Ја направив истата работа пред неколку недели. Ја избричив цела коса. Сè уште се навикнувам на тоа, но навистина е ослободувачки. Изгледаш прекрасно”, ѝ порачала една следбеничка.

Селма Блер во ноември минатата година објави дека ѝ е дијагностицирана мултипла склероза.

“Имам мултипла склероза. Инвалид сум. Понекогаш паѓам и ги испуштам работите од раце. Сеќавањата ми се како низ магла”, напишала таа на Инстаграм.

Открила дека болеста ѝ била дијагностицирана на 16-ти август од страна на неврологот Џејсон Баркли, брат на актерката Елизабет Баркли.

“Со години имав симптоми, но не ги сфаќав сериозно сè додека не паднав пред еден пријател кој ме натера да одам да се прегледам. Мислев дека станува збор за вклештен нерв. Од оваа неизлечива болест веројатно боледувам најмалку 15 години”, изјавила Блер, додавајќи дека сè започнало со болки во вратот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг