Симпатичниот мајмун го украл шоуто на семејниот излет и покажал среден прст

Точка

17/06/2019

16:46

1.983

Големина на фонт

а а а

На семејните одмори секогаш постои една личност која постојано форсира фотографирање и сака да го овековечи секој момент.

Ова семејство добило спомен кој никогаш нема да го заборави. Имено, еден мајмун им “улетал” во фотографијата и направил феноменално селфи. 


Петчлената фамилија Хикс летувала на Бали, Индонезија, и ги посетила длабоките шуми во кои живеат мајмуни. Во текот на посетата тие направиле голем број фотографии, но најдобрата ја добиле на крајот од посетата кога во кадарот се нашол мајмун кој без проблем покажал среден прст.

“Додека бевме во шумата, нашиот водич нè праша дали сакаме да се фотографираме. Но, кога застанавме да позираме, мајмунот скокна пред камерата”, раскажала Џуди Хикс и додала дека најпрвин не забележале што направил мајмунот, но подоцна фотографијата ги насмеала до солзи.


“Одлучивме да се забавуваме на нашето патување, а оваа фотографија уште повеќе придонесе за целото расположение”.

Иако фотографијата е направена во декември 2018 година, Хикс дури минатата седмица одлучила да ја објави, а нејзиното семејство и пријатели сметале дека е многу смешна и продолжиле да ја споделуваат и понатаму.



Спонзорирани линкови

Маркетинг