Тоти си ја отвори душата: Ќе ми беше полесно ако умрев, Американците направија се…

Дерби

17/06/2019

20:19

2.132

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Франческо Тоти целиот свој живот и го посвети на Рома, но еве дојде време тој ја ја напушти „волчицата“, а причината за тоа се американските сопственици на клубот.

Принцот од Рим воопшто не е задоволен од тоа што се случува во клубот, па одлучи да со замине притоа отварајќи си ја душата, поточно наведувајќи ги причините за таа тешка одлука.

-Никогаш немав шанса да се изразам. Никогаш не бев вклучен на вистински начин во проектот. Во првата година, тоа може да се случи. Во втората, сфатив што сакам да го направам, но ние никогаш не се собравме, никогаш не се помогнавме еден со друг. Тие ги знаеја моите намери и што јас сакав, сакав многу да му дадам на овој клуб и тим, но тие искрено никогаш не ме сакаа. Тие ме исклучија од секоја одлука. Сега ќе тргнам по други патеки. Во моментот кога друг сопственик ќе сака да ми верува, јас ќе бидам подготвен. Јас не сум тука да го посочам прстот како виновник кон еден или друг. Почнавме патување, не се почитуваше, па продолжувам понатаму. Сите знаат дека ме натераа да престанам да играм. Имав шестгодишен договор како директор. Почнав тивко, сфаќајќи дека сосема е поинаква сфера да се биде на терен. Беа дадени многу ветувања, ама не беа исполнети. Главниот фокус на одредени луѓе е да се отстранат Римјаните од Рома. Во последните осум години, откако влегоа Американците, тие се обидоа на секој начин да не тргнат на страна. Како што минуваат годините, тие направија се што можеа… Тоа е она што го посакуваа и на крајот успеаја. Она што можам да го кажам е дека никогаш нема да ја навредам Рома, ова е многу полошо од пензионирањето како играч. Заминувањето од Рома е како умирање. Мислам дека ќе ми беше полесно ако умрев, -рече Тоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг