Наједноставниот рецепт за грчкото лепче кое се јаде со суфлаки и гиро

Точка

17/06/2019

18:40

17.437

Големина на фонт

а а а

Лепчето во кое се става гирото е со посебен вкус, а вообичаено не мора да се јаде само со оваа комбинација - идеално е за различни јадења и сосови.

Намирници за лепчето:

- 160 милилитри млеко на собна температура;
- 80 милилитри вода на собна температура; 
- 1 лажичка шеќер;  
- 2 лажички квасец; 
- 320 грама тврдо брашно;  
- 1 и пол лажичка сол; 
- 1 лажичка мајчина душица; 
- 1 супена лажица маслиново масло; 
- бибер. 


Подготовка: 

Во една чинија ставете млеко, вода, шеќер и квасец и мешајте додека не се соединат. Додадете брашно, сол и мајчина душица.

Мешајте додека смесата не почне да се лепи за вашите прсти. Ставете го тестото во друг сад кој претходно сте го премачкале со масло, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне. Тестото за 20-30 минути ќе нарасне двојно.

Исечете го тестото на шест еднакви делови, а потоа секое парче направете го во кружен облик.

Ставете маслиново масло да се грее во тава, но на тивко.


Откако ќе се загрее тавата, поставете го едното парче тесто и печете го неколку минутки (како палачинки), од двете страни.

Посолете, ставете бибер и уште малку мајчина душица.

За да ви биде уште повкусно може да подготвите и цаѕики сос, а ние ви посакуваме пријатен апетит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг