Lamborghini Huracan Sterrato би можел да стане реалност

Супермен

18/06/2019

10:57

985

Големина на фонт

а а а

Lamborghini Huracan Sterrato, која компанијата од Санта Агата неодамна го претстави е само уште еден концепт, но тоа би можело да се промени.

Магазинот Automobile наведува дека постои можност Sterrato да добие “зелено светло” за производство и дека тоа е пореална опција отколку што многумина очекуваа. 


Техничкиот директор на Lamborghini, Маурицио Реџиани изјавил дека компанијата не само што би можела да го произведе овој модел, туку и сериозно да заработи пари од него. Тој вели дека компонентите на редизајнираната каросерија би можеле да се произведат со помош на 3D печатач. Тие компоненти се направени од нов лесен синтетички материјал кој ги развил Lamborghini, а се прицврствуваат со штрафови. Ако Sterrato се најде во производство, може да се очекува ограничено производство од 500 до 1000 примероци.


Концептот Sterrato има малку поголемо растојание од тлото, заштита на каросеријата и 5,2-литарски V10 мотор од Huracan Evo, кој испорачува 640 коњски сили. Погонот на сите четири тркала е дополнително адаптиран, а тука е и системот за управување на сите тркала.

Lamborghini Huracan Sterrato би изнесувал околу 240 илјади евра.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk